Вучиќ за пресудите против лидерите на ОВК: Судскиот совет не утврди систематски напади врз цивилното население

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод пресудата против поранешните лидери на ОВК пред Специјализираните совети во Хаг, изјави дека Судскиот совет не утврдил постоење на систематски напади врз цивилното население на територијата на Косово и Метохија.

Вучиќ истакна дека зачувувањето на мирот и стабилноста е од клучно значење за Србија, оценувајќи дека силните емоции што постојат и децении по конфликтот на територијата на поранешна Југославија укажуваат на потребата од соочување со сторените злосторства и со сопствените грешки.

Осврнувајќи се на пресудите за четворицата лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), тој укажа на делот што се однесува на шесте точки од обвинението за злосторства против човештвото – прогон, затворање, други нехумани дела, мачење, убиство и присилно исчезнување.

Според одлуката на Специјализираните совети, четворицата обвинети се ослободени од вина по тие точки, бидејќи Обвинителството не докажало, надвор од разумно сомневање, дека постоел широкораспространет или систематски напад насочен против цивилното население.

Истовремено, судскиот совет ги прогласи Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими за виновни за четири воени злосторства: незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство.

Утврдена е нивната поединечна кривична одговорност за незаконско лишување од слобода на 385 лица, сурово постапување кон 49, мачење на 303 и убиство на 96 лица.

Вучиќ оцени дека пресудата не ги опфаќа сите злосторства извршени врз Србите и другото неалбанско население, особено оние по 20 јуни 1999 година.

Тој потсети на случаите на киднапирања и убиства на Срби кои, според него, не биле опфатени со пресудата, вклучувајќи го киднапирањето на 85 Срби во Ораховац, киднапирањето на девет рудари од Белаќевац, случајот со логорот Лапушник, како и убиствата и исчезнувањата на Срби во областа на Глоѓане и езерото Радоњиќ.

Зборувајќи за наводите за трговија со органи и случајот познат како „Жолтата куќа“, Вучиќ рече дека и тие наводи не биле дел од обвинението, наведувајќи дека доказите не можеле да бидат обезбедени и испитани.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 27 септември

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври

А1он

Вучиќ по едногласниот избор за кандидат за премиер: „Огромна чест е што ја добив вашата доверба“

Горан Наумовски

Остра порака од Вучиќ: Марта Кос нема да ми држи лекции кој е воен злосторник и монструм“

А1он