Вучиќ за Косово: Би било добро да постигнеме најголемо можно единство, но не верувам

Од:

„Не верувам дека може да има договор за прашањето за Косово. Живееме во демократски режим и природно е луѓето да не се согласуваат. Не е природно да не се разбираме кога ни претстојат клучни национални задачи и кога сме во најтешкото време за Европа од Втората светска војна, а за нас од деведесеттите“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ова е одговор на прашањето што очекува од утрешната седница за Косово што се одржува во српското Собрание и дали смета дека може да се постигне договор за тоа прашање.

-Добро би било да се постигне најголемо можно единство, но не верувам, тоа е можност за некои да се фатат политички поени и моќ – рече тој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање