(ВИДЕО) Вучиќ: Не го сакаме Косово во ОН, и што сега, сакате да не бомбардирате?

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати до јавноста и објасни дека Србија во моментов е под голем притисок.

– Во врска со плановите за кои зборуваат, на кои неколку пати се насмеав и реков дека веќе го добиле нашиот одговор во форма на нон-пејпер, во врска со нивниот нон-пејпер, а добивте и мојот устен одговор во Брисел, кои се нашите црвените линии и за што нема да зборувам. Се заканувате дека ќе ги прекинете преговорите, разговорите. Нема проблем, отсечете ги. Дали мислите дека некој сериозен во светот може да се пофали дека ги прекинува разговорите. Па, како тогаш ќе ги решите проблемите? Еве ние ви кажуваме, не го сакаме Косово во ОН. А што ќе правите тогаш, да не бомбардирате, да ни се заканувате со санкции, врз основа на кој акт и врз основа на што, кога целата меѓународна правна рамка е на страната на Србија.

Тој додаде дека знае колку комплицирана ситуација ги чека, но ги пофали претставниците на ЕУ и САД дека биле рационални.

 

„Ситуацијата кај Србите на Косово буквално врие. Србите се сити од теророт. Србите се сити од сè, од шиканирањето, уценувањето, сити се од меѓународните притисоци во кои никој не води сметка за нив и ги третираат како малцинство, а тие не сакаат да бидат малцинство“, кажа Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање