Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за турските беспилотни летала „Skydagger“ што пристигнаа во Приштина од Турција. Тој реагираше на својот профил „X“ во врска со испораката на 1.000 беспилотни летала.

„Згрозен сум од однесувањето на Турција и бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од продолжувањето на вооружувањето на приштинските власти. Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но добро ја разбравме пораката!“ – напиша Александар Вучиќ.

Турските беспилотни летала „Skydagger“ требаше да пристигнат во Приштина во јануари 2026 година, но пристигнаа три месеци порано.

Косово потпиша договор со турската компанија „Бајкар“, која произведува ваков тип беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он