Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада

Од:

Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес конференција.

„Постапката е следна, почнува со констатирање на оставката во Собрание, кога ќе биде констатирана, почнува рокот од 30 дена додека мора да се избере Влада, ако не се избере, се распишуваат избори. Претседателот на Републиката е должен да покрене постапка за избор на нова Влада, нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди. Да разговараме дали да одиме на формирање Влада или на нови избори. Вучевиќ веќе почнал разговори со Дачиќ, рекол дека не е за избори. Ќе продолжиме со разговорите со другите“ – рече Вучиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка и како што појасни, смета дека е објективно одговорен за нападот врз студентите што се случи синоќа во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Вучиќ стигна во Москва

А1он

Авионот на Вучиќ на пат кон Москва приземјен во Баку

Катерина Ѓуровски

Вучиќ отпатува за Москва, в петок се среќава со Путин

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски