Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека официјално му се приклучи на новото „Движење за народот и државата“.

„Ова не е само пристапен документ, ова е ветување и завет за Србија. Важно е да сме заедно во оваа борба, бидејќи народот и Србија секогаш ќе бидат над се и над секој од нас“, рече Вучиќ во видеото што го објави на Инстаграм.

„Движењето за народот и државата“ беше регистрирано на крајот на март годинава, а средбата по повод формирањето на движењето се одржа од 11 до 13 април во Белград.

Утре, петок, во Ниш ќе започне тридневен митинг на кој ќе биде промовирано тоа движење.

Би можело да ве интересира

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он