Вучиќ повика на „најголем собир во историјата на Србија“ – на 28 март во Белград

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги покани луѓето да дојдат во Белград на собир, на 28 март.

– Формирањето на движењето го одложуваме за шест дена, на 21 март, а цела Србија ја покануваме во Белград на 28 март на најголемиот собир во историјата на Србија. И јас се согласив, колку што разбрав, и Милош прифати и Претседателството (СНС), не знам дали треба да се изјасни Главниот комитет: Ја покануваме цела Србија, буквално цела Србија, работничка, работна, селска, чесна Србија, на која и е доста од сето ова, на најголемиот собир во историјата на Србија на 28 март во Белград – рече Вучиќ.

– Да повторам, додека сум жив нема да има преодна влада. Да живее Србија! – повтори претседателот.

Вучиќ во своето обраќање го коментираше и собирот најавен во Белград на 15 март и рече дека секој што ќе ги оштети државните институции или ќе се обиде да влезе во нив, како што налага законот, ќе биде казнет со затвор од 3 до 15 години.

„Ако тој ден почнат со насилство, тој ден ќе ја завршиме работата, а судијата ќе свири крај“, нагласи претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он