Вучиќ: Полицајците не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Од:

Српскиот претседател – Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.

„Тие полицајци, не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.

„Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле. Загрижен сум за државата“ рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

Вучиќ му честиташе роденден на Путин

А1он

Снежана Савиќ со јасна порака: „Јас гласам за Вучиќ“, а тој по говорот во Арената прво неа ја прегрна

Предраг Петровиќ

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он