Вучиќ: Пицула е кретен кој зборува често, кратко и глупаво

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаше свој коментар за изјавата на известувачот на Европскиот парламент за Србија – Тонино Пицула, дека режимот на Вучиќ е „главен извор на нестабилност во Србија и регионот“. Вучиќ рече дека му е доволно да види „слика од Пицула со калашников во рацете“ за да ги разбере неговите пораки.

„Не ја разбрав неговата порака. Тој зборува често, и тоа е кратко и глупаво. Тие мислат дека треба да им се додворуваме ако не го променат својот јазик за Србија. Знаете колку ми е грижа за тоа“, им рече Вучиќ на новинарите од Србија кои го следеа во Франција, каде што учествува на Меѓународната конференција за глобална политика.

Тој го окарактеризира Пицула како „локален кретен испратен од Хрватска“ и рече дека „функционери како Пицула измислуваат работи“ за неговиот престој за време на војната во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

„Радар“: БИА ги прислушувала критичарите на Вучиќ – под надзор биле студенти, опозиционери, синдикалци и обвинител

Вучиќ: „Студентската листа“ сака да ги укине сите традиционални вредности на Србија

А1он

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: Ги изгубивме изборите, но не и достоинството и гордоста!

А1он

Вучиќ: СНС мора да тргне од сопствените грешки – особено кога станува збор за ароганцијата и надменоста кон граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ тврди дека никој од странство не го убедил да не прави државен удар