Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.

Тој изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат.

Студентите во блокада веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори.

Вучиќ повтори дека оваа година ќе биде најуспешна за државата во економска смисла.

Според него, важно е за народот на Србија да се зачува мирот и стабилноста и да се „обединиме“.

Вучиќ додаде дека се надева дека во наредниот период ќе може државата да купи барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имала целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.

„Се надевам дека во наредниот период, за првпат ви кажувам, ќе можеме да купиме барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосно влијание и целосна контрола врз тоа што би правел мнозинскиот сопственик и би се прашувале за нешто. Нема да бидеме таму некој што се крие зад завесата и не одлучува за ништо. Бидејќи е важно за нас да имаме 34 проценти, повеќе од една третина, бидејќи тогаш можете да имате увид во финансиите и се друго“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните

Вучиќ навести кој може да биде нов сопственик на Нафтената индустрија на Србија

Уапсен сум затоа што имам докази за учеството на Вучиќ во „Сараевското сафари“, тврди белградски адвокат

Вучиќ: Прифатено е главното барање на блокадерите – вонредни парламентарни избори следната година

А1он

Вучиќ: „Отвораме фабрики за дронови во Србија, работиме со голема странска сила“

ВИДЕО: Филипче го нарече Мицкоски „малиот Вучиќ“ и обвини за подривање на СДСМ финасирано од Алта банка