Вучиќ најави народен митинг: Најдолгото српско знаме ќе се појави на улиците во Белград

Од:

Вучиќ најави голем народен собир кој ќе се одржи во сабота на 12 април во 19 часот. Во петок заедно со илјадници граѓани на улиците на Белград ќе го развеат најдолгото српско знаме. Димензиите се 200х10 метри.

Вучиќ го најави народниот собир и додаде дека Србија мора да ја врати безбедноста во домовите, децата во училиштата и дека Србија мора да се врати на патот на успехот и победите..

Србија со месеци ја тресат големи студентски протести и демонстрации поради наводна измама околу реставрацијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Потсетуваме дека во страотниот пад на настрешницата загинаа 16 лица.

Српските студенти со велосипед тргнаа за Стразбур, каде треба да пристигнат на 17 април. Планираат да се обратат пред претставниците на Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија и да ги информираат за актуелната состојба во Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Рама заеднички бараат делумна интеграција во ЕУ

(ВИДЕО) Вучиќ: Планираа да ми го касапат детето

А1он

Вучиќ: Просечната плата во Србија е над 1000 евра, стандардот скокна за најмалку 45 проценти

Вучиќ во живо на TikTok – го гледаа повеќе од 240.000 луѓе

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

Беливук и Миљковиќ сакале да „го предадат Вучиќ на Американците“