Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави мерка со која – секој над 20 години, дури и оние кои се невработени, ќе можат да добијат кредит за стан.

Сакаме да ги направиме младите независни…порано да зависат од нивната работа, рече Вучиќ во своето обраќање.

Според него, вредноста на програмата е 400 милиони евра за 5.500 станбени единици.

Услов за подигање на кредит е да сте државјанин на Србија, на возраст од 20 до 35 години.

Тој изјави и дека сака таа старосна граница да биде укината, „но во овој момент тоа не е можно“.

Највисоката цена за метар квадратен за која државата ќе дава субвенции ќе биде 2.200 евра.

Би сакале младите да можат да купуваат станови во блок 70 и блок 45, но цената на квадрат таму е меѓу 2.300 и 2.600 евра и затоа сакаме да ја покачиме на 2.500, 2.600 евра во Белград и 2.200 во Нови Сад.

Тој рече и дека главен услов е станот да може да чини најмногу 100.000 евра, а минималното учество да биде еден процент. Кредитот ќе се доделува за период до 40 години, а последната исплата ќе се врши до 70-годишна возраст. Предвремената отплата на кредитот ќе биде без дополнителен надомест.

Во обраќање до јавноста рече дека таа мерка освен емотивна компонента да се дозволи детето на секој родител да остане во државата, има и рационални корени. Тој додаде дека државата подготвила програма за станбен кредит за млади што е најдобра во цела Европа и нагласи дека тоа не е социјална мерка, туку мерка за иднината на Србија.

Српскиот претседател најави дека програмата за станбен кредит за млади ќе почне да се спроведува најдоцна во првата половина на март, бидејќи се очекува законот да биде завршен во февруари, по што ќе биде доставен до парламентот.

Би можело да ве интересира

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

Вучиќ најави народен митинг: Најдолгото српско знаме ќе се појави на улиците во Белград

А1он

Вучиќ: Нема да има преодна влада

А1он

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски