Вучиќ: Ќе барам одговорност за секое насилство врз секој граѓанин на Србија додека сум жив

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека никогаш нема да се откаже од барањето одговорност за насилството врз граѓаните на Србија и додаде дека земјата изгубила милијарди евра поради блокаторите, односно злосторствата извршени пред неколку месеци.

„Ќе барам одговорност за криминалната организација за нападот во Ниш, за обоената револуција, за секое насилство врз секој граѓанин на Србија, додека сум жив. Се додека сум жив ќе се борам за постоењето на принципот на одговорност. Ја уништија оваа земја за милијарди евра“ рече Вучиќ.

Тој додаде дека тие секојдневно вршат злосторства врз Србија.

„Не ми е баш гајле за владата, ми остана уште година ипол, но ме интересира да одговарате за злосторството врз Србија. Ова е полошо од секој грабеж, некој ќе треба да одговара за тоа“, беше јасен Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он