Вучиќ: Голем пакет мерки за поддршка на граѓаните од 1 септември

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што изјави, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“.

„Ќе обрнеме посебно внимание и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде што живеат со своето семејство. Ова ќе донесе повеќе правда и поголема безбедност за граѓаните“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.

Тој рече дека државата се обидува да ги зголеми платите и пензиите над стапката на инфлација.

„Ќе се погрижиме цените на најважните производи во продавниците да бидат пониски, ќе се погрижиме кредитите да бидат поевтини, каматните стапки да бидат пониски отколку што се денес“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

Вучиќ му честиташе роденден на Путин

А1он

Снежана Савиќ со јасна порака: „Јас гласам за Вучиќ“, а тој по говорот во Арената прво неа ја прегрна

Предраг Петровиќ

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он