Вучиќ: Голем пакет мерки за поддршка на граѓаните од 1 септември

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што изјави, луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“.

Ќе обрнеме посебно внимание и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде што живеат со своето семејство. Ова ќе донесе повеќе правда и поголема безбедност за граѓаните“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.

Тој рече дека државата се обидува да ги зголеми платите и пензиите над стапката на инфлација.

Ќе се погрижиме цените на најважните производи во продавниците да бидат пониски, ќе се погрижиме кредитите да бидат поевтини, каматните стапки да бидат пониски отколку што се денес“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември

А1он

Вучиќ по акцијата против Мадуро: Меѓународното јавно право повеќе не постои, владее правото на посилните

Вучиќ навести кој може да биде нов сопственик на Нафтената индустрија на Србија

Уапсен сум затоа што имам докази за учеството на Вучиќ во „Сараевското сафари“, тврди белградски адвокат

Вучиќ: Прифатено е главното барање на блокадерите – вонредни парламентарни избори следната година

А1он

Вучиќ: „Отвораме фабрики за дронови во Србија, работиме со голема странска сила“