Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов српски премиер

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го објави, како што и претходно најави, името на мандатаротт за состав на новата Влада на Србија.

Како што потврди претседателот, тоа ќе биде Милош Вучевиќ.

„Врз основа на член 112 став 1 точка 3 и член 127 став 1 од Уставот на Република Србија („Службен весник на Република Србија“, број 98/2006 година), член 18 и член 24. став 3 од Законот за претседателот на Републиката („Службен весник на Република Србија“, број 111/07), а откако го слушнав мислењето на претставниците на избраните изборни листи, доставувам:

На Народното собрание на Република Србија му предлагам Милош Вучевиќ за кандидат за премиер на Република Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Вучевиќ: На 24 јуни ќе ги конституираме партиски тела, потоа ќе се приклучиме на движењето

Милош Вучевиќ е избран за нов претседател на Српската напредна странка

Вучевиќ: Меѓународните посредници не понудија ништо убаво, не чекаат тешки одлуки

Горан Наумовски