Вучиќ до митрополитот Амфилохије: Ние сме тука во секое време за вас

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ  му посака брзо и успешно закрепнување на митрополитот црногорски и приморски Амфилохије, ова беше соопштено од страна на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ.

Како што беше соопштено од амбасадата, Божовиќ по консултации со Вучиќ изразил подготвеност на Србија да помогне во секое време на било каков начин, доколку тоа е потребно, пренесува РТЦГ.

Божовиќ е во постојан контакт со црногорското раководство и лекарите, на кои им се заблагодари за грижата, вниманието и љубовта со која го лекуваат митрополитот и сите други пациенти заразени со Ковид-19.

„Исто така, ние сме во контакт со Митрополијата црногорска-приморска, кои заедно со медицинскиот тим ја следат здравствената состојба на митрополитот и објективно и навремено ја информираат јавноста која е заинтересирана не само во Црна Гора, туку и во Србија, Република Српска и целиот регион“, стои во соопштението на српската амбасада.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе барам одговорност за секое насилство врз секој граѓанин на Србија додека сум жив

А1он

Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он