Вучиќ: Албанците се вооружија и ја подигнаа борбената готовност, ќе ги преземам сите мерки за да ја спасам Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва го коментираше фактот дека на патријархот Порфириј му беше забранет влез на Косово од Приштина и посочи дека ќе ги преземе сите мерки за да го заштити народот по одлуката на Приштина да ја подигне борбената готовност.

„Ние правиме се од себе за да ги зачуваме мирот и стабилноста. За жал, тие не сакаа да не слушаат или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфириј му е забранет влез на Косово. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислена најава, неважна… Но ќе продолжат да зборуваат само за српски барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој и ништо повеќе. Според тоа, сакам да ве информирам дека сме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме се од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот на Косово. Во согласност со тоа, и откако ќе се вооружаат Албанците и ќе ја подигнат нивната борбена готовност, ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање