Врсничко насилство во Србија: Петооделенци сакале да силуваат 11 годишно девојче

Од:

Во училиштето кај Мали Црниќ, Србија, група момчиња на час по физичко се обиделе да силуваат единаесетгодишно девојче. Ја соблекле, ја сликале со мобилни телефони и и се заканувале дека ќе ги споделат сликите. Семејството сето ова го пријавило во полиција. Неофицијално насилството врз девојчето се случило на 28 март. Ова вчера го потврди таткото на девојчето, С.С., и адвокатот Миодраг Тадиќ од Пожаревац, кои сведочеа дека девојчето било нападнато од тројца врсници, истите кои неколку месеци континуирано ја малтретирале.

„Психофизичкото малтретирање почна во октомври, ја удираа со тупаници, линијари, ја боделе со шестари – вели таткото С.С. – Отидов до домовите на родителите на тие момчиња, но малтретирањето продолжи. Кога се пожалив на класниот раководител, ја ставија во иста клупа со еден од насилниците.

Адвокатот Тадиќ вели дека единствено што може семејството да направи е да покрене правна постапка против родителите на момчињата и училиштето. Тој кажа и дека при лекарскиот преглед на кој родителите самоиницијативно го однеле девојчето констатирани се 26 повреди настанати во текот на неколку месеци. Адвокатот очекува против трите момчиња да биде покрената дисциплинска постапка и да се утврди дали нивните родители сносат кривична одговорност за запуштање на децата.

„Полицијата поднесе кривична пријава, но обвинителството ја одби бидејќи се на возраст под 14 години, и не се кривично одговорни“, вели адвокатот Тадиќ.

Досегашниот епилог е дека девојчето кое е жртва на насилство извесно време не оди на училиште, додека момчињата кои ја нападнале одат на настава како ништо да не се случило.

Родителите се обратиле и до Центарот за социјална работа, но епилог се уште нема. Како што дознава „Новости“, во училиштето имало и просветна инспекција, но се уште не се знае што е констатирано.

Родителите во полиција изјавиле дека инцидентот од часот по физичко всушност бил само кулминација на малтретирањето кое девојчето го трпело од почетокот на оваа учебна година, а училиштето, како што рекоа, иако пријавиле се, не реагирало адекватно. Дури, како што изјавиле родителите во изјавата во полиција, училиштето се обидело „да го прикрие обидот за силување, всушност и заканите на насилниците дека видеото ќе им го покажат на пријателите“.

Во меѓувреме излезе соопштение од училиштето, според кое, откако дознале за инцидентот, „ги презеле сите чекори предвидени со прописите, ги известиле сите актери и надлежните институции“. Соопштено е дека против учениците кои учествувале на настанот е спроведена воспитно-дисциплинска постапка. Изречени се воспитно-дисциплински мерки за ученици кои се одговорни за стореното дело и тешко прекршување на обврските на ученикот. Зајакната е воспитно-образовната работа со нив и одредени мерки на општествено корисна и хуманитарна работа.

Како што информираат од училиштето, изготвен е план за заштита и утврдени мерки за поддршка на ученичката која претрпела насилство. Поведени се и дисциплински постапки за утврдување на одговорност на вработените.

Би можело да ве интересира

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он