Во Сараево утре ќе биде организирана меѓународна конференција на тема Враќање на нерегуларните имигранти од државите од Западен Балкан.
Целта на конференцијата е да се зајакне меѓународната и регионална соработка во областа на миграциите заради враќање на нерегуларни мигранти во државите од каде потекнуваат, јави Фена.
– Босна и Херцеговина е одлучна да се спротистави на проблемите со нерегуларните миграции во државата и да придонесе за решавање на тој проблем и во регионот, се вели во соопштение од Службата за странци во БиХ.
Учесници на конференцијата ќе бидат дипломатски претставници, претставници на надлежни институции на држави од Западен Балкан и меѓународни организации од областа на миграциите.