Две девојки загинаа попладнево на пруга кај местото Лапово, во Србија, кога околу 17 часот на нив налетал патнички воз кој сообраќал на релација Земун – Ниш.
Тие пеш ја минувале пругата кога на нив налетал возот. Според познатите информации, станува збор за две жени, едната има 30, а другата на 32 години.
„Според информациите добиени во 18 часот и 18 минути, во 17 часот и 50 минути е добиена пријава дека воз удрил и усмртил две лица во Лапово, на пругата и дека е потребно да се извлече една жртва од под возот. Пристигнување на местото на настанот во 17:00 часот: Припадници на СВР Баточина, 3 пожарникари-спасувачи со возило започнале да го извлекуваат смртно повреденото лице. Во 18 часот и 42 минути заврши извлекувањето на смртно повреденото на пругата во Лапово“, се наведува во соопштението.