Вонредна седница на владата на Србија по нападот врз премиерот Вучиќ

Од:

Во Белград во попладневните часови во саботата започна вонредната седница на владата на Србија по повод денешниот напад врз премиерот Александар Вучиќ на комеморацијата на жртвите од Сребреница во комплексот во Поточари, по коешто се очекува обраќање на премиерот во јавноста.

Истовремено непрекинато веќе неколку часа трае и специјалната емисија на јавниот сервис Радио-телевизија Србија (РТС) во која бројни аналитичари ја коментираат и оценуваат ситуацијата предизвикана со нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Поточари. Притоа доминираат оцените дека тоа е резултат од претходните денови многу засилените тензии во контекстот на подготовката на британската резолуција за Сребреница во Советот за безбедност на ОН, со која масакрот извршен од силите на босанските Срби треба да биде квалификуван како геноцид, како и дека ситуацијата треба да се смири со чувство за одговорност за мир и помирување во регионот.

Српскиот премиер Александар Вучиќ во саботата беше нападнат во текот на комеморацијата на жртвите од Сребреница, поради што под силно обезбедување вклучително и на припадници на полицијата на ентитетот Република Српска беше евакуиран кон границата со Србија. Белградските медиуми и министерството за внатрешни работи на Република Српска наведуваат дека во нападот со камења, шишиња и други предмети од страна на голема група народ, Вучиќ бил погоден во главата и му биле скршени очилата, но другите медиуми не известуваат дека српскиот премиер бил удрен или погоден со предмет.

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за „уште една негативна последица од политизирањето на оваа тема која доведе до нови поделби и омрази наместо помирување“.

Министерот на српската полиција, Небојша Стефановиќ, пак, нападот го квалификуваше како „обид за убиство“. Најави дека Србија ќе упати најостар протест до властите на Босна и Херцеговина „поради скандалозниот чин и гаѓањето со камења на делегацијата од Србија“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Вучиќ: Едно лице од Македонија загина во трагичниот настан во Нови Сад

Горан Наумовски

Вучевиќ од Нови Сад: Ќе инсистираме да се најдат одговорните

14 лица загинаа во урнатините пред железничката станица во Нови Сад

Горан Наумовски

Весиќ: Ќе ја утврдиме одговорноста на оние кои не го реконструираа овој дел од станицата

Горан Наумовски