Војската ќе и помага на полицијата за апсолутна контрола на хрватската граница

Од:

Хрватскиот државен врв се согласи дека е потребна апсолутна контрола на границата, а премиерот Тихомир Орешковиќ изјави дека војската ќе интервенира доколку е потребно.

Шефот на државата Колинда Грабар Китаровиќ истакна дека е неопходна целосна контрола на хрватската државна граница, што не значи нејзино затворање, ниту нехумано однесување кон мигрантите, туку претставува заштита на националната безбедност.

– Во овој момент не можам ништо посебно да коментирам. Кога станува збор за мигрантската криза, останува она што го зборував на самиот почеток, а тоа е апсолутно целосна контрола на границата, нагласи хрватската претседателка.

Таа додаде дека тоа значи заштита на националната безбедност, но и на мигрантите, кои се често мета на тероризам и терористички напади.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац