Војници од бугарскиот контингент на ЕУФОР се судрија со жители на Сараево

Од:

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево денеска информира дека во неделата попладне тројца граѓани на Сараево нападнале двајца припадници на бугарскиот воен контингент во меѓународната мисија ЕУФОР во БиХ и им нанеле лесни телесни повреди, пренесе агенцијата Анадолија.

За инцидентот било информирано обвинителството во Сараево, а против извршителите ќе бидат преземени мерки според законот за прекршување на јавниот ред и мир, соопшти министерството.

Портпаролот на ЕУФОР Дејвид Колинс за локалните медиуми изјави дека мисијата денеска ќе издаде официјално соопштение за инцидентот, но одби да сопшти детали. Тој не можеше да каже во каква здравствена состојба се двајцата бугарски војници.

Локалните медиуми инцидентот го поврзаа со натпреварот меѓу ФК „Сараево“ и „Левски“, што утре ќе се игра во Сараево во рамки на елиминацискиот круг од Лигата на шампиони. Тие тврдат дека бугарските војници од ЕУФОР ги заштитувале своите сонародници, пристигнати во престолнината на Босна за натпреварот, но оваа информација не е официјално потврдена.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар