Војници од БиХ во меѓународна мисија во Авганистан

Од:

Босанскиот Парламент на денешната седница ја потврди одлуката на Претседателството за учество на единици на Воената полиција на Вооружените сили на БиХ во меѓународни операции во Авганистан.

Во операциите ќе учествуваат 26 припадници на босанските безбедносни сили.

Станува збор за прва борбена операција на меѓународните сили во која ќе учествуваат и војници на БиХ.

Мисијата на босанските војници ќе биде давање борбена поддршка на воената бригада „Старјкерц“, а во рамки на операциите на Воената полиција. Исто така, тие ќе и бидат ментори на авганистанската полиција, распоредени во Кандахар.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина