Во земјотресот во БиХ загина девојка

Од:

27-годишна девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Босна и Херцеговина.

Елмира Сефо, родена 1994 година била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба, без пулс, притисок и практично без знаци на живот.

И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала ниту во возилото на Брза помош ниту во болницата. Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ во 23 часот и седум минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 16 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информира дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени. Во наредните часови регистрирани се повеќе помали потреси.

Освен во Столац, пријавена е и материјална штета во Мостар каде што се урнал оџак, како и во Љубиње и Чапљина.

Корисниците на социјалните мрежи објавија и фотографии од помали одрони на некои патишта во Херцеговина кои наводно биле предизвикани од потресот.

Синоќешниот земјотрес со епицентар во БиХ е почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.

По него, регистрирани се неколку помали земјотреси со епицентар во БиХ.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина