Во вторник би можело да се знае дали Србија ќе ги започне преговорите со ЕУ во октомври или целиот процес ќе се одложи за почетокот на 2014 година.
Шефовите на дипломатиите на ЕУ денес во Луксембург ќе ги разгледаат можностите на Западен Балкан, посебно односите со Србија и Косово, додека во вторник ќе ги усвојат заклучоците за можна одлука за започнување на преговорите за членство со Србија и за договорот на придружување на ЕУ со Косово.
Во документот на Советот на министрите на ЕУ се укажува на тоа дека Белград и Приштина во април склучија договор за нормализација на односите и дека Европската комисија согласно на тоа и предложи на ЕУ да започне преговори со членството на Србија, како и нацрт мандатот за преговори за Договор за стабилизација и придружување со Косово.
Претседателот на Собранието на Србија, Небојша Стефановиќ утре ќе претстојува во Берлин каде што ќе разговара со претседателот на Бундестагот, Неорберт Ламерт, непосредно пред одлуката на германскиот парламент за датумот за почеток на пристапните преговори на Србија со ЕУ.
Во Луксембург во вторник официјално шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе го заземат својот став за Србија.
Елена Георгиевска