Во турската антитерористичка операција приведено 251 лице, убиена радикална левичарка

Од:

Над 250 лица биле уапсени во денешната операција извршена во 13 турски окрузи против терористичките организации „Исламска држава“ и Курдска работничка партија (ПКК), јави Анадолија, повикувајќи се на координативниот центар при кабинетот на премиерот.

– Операцијата во исто време беше извршена во 13 турски окрузи против голем број лица, кои се вмешани во вооружени напади врз наши граѓани и силите за безбедност, и за кои се смета дека имале подготвеност за напади, се наведува во изјавата на центарот, при што се додава дека досега е уапсено 251 лице.

Една припадничка на радикалната турска марксистичка група е убиена утрово во Истанбул во судири со полицијата, за врме на рацијата извршена заради апсење милитанти, јави Анадолија.

Убиената жена била членка на радикалниот левичарски фронт на револуционерниот народ (DHKP-C), група која турските власти ја обвинуваат за низа напади во изминатите години, како и оти соработува со милитантни курдски сепаратисти.

Таа е убиена во судир со полицајците, откако тие се обиделе да влезат во куќата во делот на Истанбул Багчилар, за да уапсат милитанти.

Турската полиција рано утрово изврши рација врз повеќе од сто локации во Истанбул, за да уапси осомничени џихадисти на ИД и курдски милитанти, а акциите се покренати по терористичкиот напад на 20 јули во пограничниот град Суруч, во кој загинаа 30, а повредени се над сто лица.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција