Во Турција денека почна вакцинацијата против Ковид-19, а први вакцина ќе примат здравствените работници ширум земјата.
Претходно, турските регулаторни тела ја одобрија за употреба вакцината на кинеската компанија Синовак Биотек.
Турскиот министер за здравство и членовите на научно советодавното тело ги примија првите дози од вакцината пред камери.
Следната група која ќе ја прими вакцината се лицата постари од 65 години.
Турција минатиот месец набави три милиони вакцини од Синовак, а треба да добие вкупно 50 милиони дози вакцини.