Во Турција ќе биде изгласан закон за затворање на цели фирми, ако не го почитуваат Законот за забрана за пушење, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Тој наведе дека целта на новиот закон ќе биде да се заштитат непушачите и да се сочува здравјето на граѓаните.
– Сега дојде времето и за контрола на продажбата и дистрибуцијата на алкохолни пијалоци, посочи Ердоган.
Сега е забрането да се продават алкохолни пијалоци во близина на училишта, на растојание најмалку до 100 метри. Претходно, тоа било дозволено. Алкохол нема да се продава и од 22 часот до шест часот.
– Недозволиво е да им се продаваат алкохолни пијалоци на малолетни лица. Не воведуваме забрана за продажба на алкохол, туку ги поставуваме неопходните рамки на примерното поведени, наведе Ердоган.