Бегајќи од полицијата, Урош Блажиќ под закана со рачна бомба киднапирал таксист и неговото такси и така успеал да побегне од Младеновац и да и избега на полицијата до 8 часот и 30 минути наутро, кога беше уапсен во Вињиште кај Крагуевац.
Како што дознава српска Република, во таксито што го киднапирал имало и трудница.
– Ќе ја убиеше и неа, но остана без муниција, во раката имаше само рачна бомба со која го уценуваше таксистот да го одвезе до саканата локација – изјави за Република извор близок до истрагата.