Во Србија запленети се три тони стероиди

Од:

Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека при вчерашното апсење на организирана група осомничена за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на допинг агенти, како и здружување заради извршување кривични дела запленети се три тони стероиди во вредност од три милиони евра.

На заедничката прес-конференција со министерот за спорт Зоран Гајиќ во Палатата на Србија, Дачиќ рече дека организираната криминална група фалсификувала царински декларации и увезувала стока преку фирма регистрирана во АПР за монтажни работи во градежништвото.

„Истовремено беше покрената истрага за перење пари“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Не е точно дека Вучиќ и наредил на полицијата да употреби сила за да ја деблокира зградата на РТС

А1он

Дачиќ: Утрешниот централен собир во Белград ќе биде одговорот на Србија која сака да се развива

А1он

Дачиќ: Српската полиција има звучен топ, но не е во употреба

А1он

Дачиќ: Ова е најголемата криза од крајот на војната, Вучиќ оди во Бања Лука

Дачиќ: Нема да има преодни или кризни влади

ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“