Во Србија поради поплавите прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини

Од:

Борбата со излеаните реки и потоци во Србија и проблемите што ги носат пороите не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Прогласена е вонредна состојба во 35 градови и општини.

Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин синоќа беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден.

Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку селата Милоча и Сирча.

Патиштата кои беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење додаваат од „Патишта на Србија“.

Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи се уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања, особено во вториот дел од денот кога за многумина завршува работната недела, а сообраќајот се зголемува.

Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија, кои на патиштата во овие области, особено во планинските предели, покрај реките и низ усеците, каде што може да има одрони и излевање на поројни води, па возачите треба да бидат подготвени да реагираат на непредвидени опасности во секој момент.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата