Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

Од:

Младата фудбалерка на ПАОК – Ана Марија Пантазони, загина во сообраќајна несреќа кога камион за собирање смет удри во мотоциклот на кој таа се возеше со својот татко. Додека таткото помина без повреди, неговата ќерка загина на самото место.

Нејзиниот татко разговараше со грчкиот весник „Прототема“, при што директно го обвини возачот на камионот за несреќата и трагедијата.

– Ми го убија детето! Камионот за смет нè удри одзади – изјави таткото на девојчето, додавајќи дека по судирот тој и Ана Марија биле отфрлени 15 метри подалеку:

– Се возев на мотор со ќерка ми кога еден камион удри во нас. Јас не сум повреден, немам ниту модринки, но ќерка ми загина. Нè удрија одзади, од правецот од кој доаѓаше камионот. Нè отфрли 15 метри напред. Потоа прегази преку ќерка ми. Веќе ништо не ми е важно. Ќерка ми нема да се врати. Се случи утрово во 11:15 часот – рече таткото, пренесе „Прототема“.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он