Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

Од:

Драган Лазиќ, братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ, почина денеска во сообраќајна несреќа.

Судирот се случи помеѓу патничко возило и мотоцикл, во моментот кога автомобилот вртел, па мотоциклот удрил во него.

Трагедијата се случила на патот кон Шабац, а Драган бил на мотоцикл кој завршил надвор од патот, додека автомобилот, кој исто така бил вклучен во судирот, завршил во грмушките.

Како што пренесуваат српските медиуми, братот на Дарко бил итно хоспитализиран, а починал во болницата во Владимирци.

Засега не е познато што се случило со возачот на автомобилот.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски