Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 6.012 нови случаи на Ковид-19 со највисок процент на позитивни досега. Направени се 10.299 тестирања, а уделот на позитивните резултати е 58,4 посто. Бројот на новозаразени е двојно поголем од пред седна седмица објави Институтот за јавно здравје.
Во земјата во моментов има 66.777 активни случаи, а просечниот број на дневни зарази е 6.029.
Во болниците на лекување се 514 пациенти, 154 се на интензивна нега. Во последните 24 часа починале пет лица.