Во Словенија, 1.437 нови случаи на Ковид-19, секој четврти тест е позитивен

Од:

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.437 новозаразени со коронавирусот, а четворица пациенти починале, соопшти денеска словенечката Влада.

Новите 1.437 инфекции и секој четврти позитивен тест, според Институтот за јавно здравје (НИЈЗ), претставува значителен пораст во споредба со претходниот ден кога беа потврдени 1.100 новозаразени, пренесува Бета.

Во болниците моментално има 398 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, од кои 119 се на одделенија за интензивна нега.

Со четири нови смртни случаи, бројот на смртни случаи се зголеми на вкупно 4.635 од почетокот на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Новиот сој корона поради кој се враќаат маските е потврден во Словенија, се шири како молња

Словенија укинува речиси сите антиковид мерки

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Во Словенија повторно над 10.000 заразени, врвот на бранот се очекува на почетокот на февруари

Во Словенија речиси 60 посто од тестовите за Ковид-19 се позитивни

Катерина Ѓуровски

Рекорд од почетокот на пандемијата: Во Словенија 5.163 новозаразени во еден ден

Катерина Ѓуровски