Во Сараево се сретнаа Вујановиќ и Свилановиќ

Од:

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, денеска се сретна со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, во секретаријатот на организацијата во Сараево. За време на состанокот Свилановиќ го нагласи значењето на силната поддршка од челниците на регионот за регионалната соработка. На тој начин тие ќе ја подвлечат својата обврзаност и посветеност при спроведувањето на „Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа“ креирана од Регионалниот совет за соработка.

– Целосната и ефикасна имплементација на „Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа“ е во интерес на секој граѓанин на регионот бидејќи таа има за цел да ги ублажи ефектите од економската и од социјалната криза со што на крајот би се подобриле животите на секој од нас. Поддршката што РСС, како иницијатор на овој проект и како клучен промотор на регионалниот просперитет, непрекинато ја добива од регионалните лидери, како претседателот Вујановиќ, докажува дека одиме во вистинска насока и дека така ќе продолжиме за да ја оствариме врвната цел на стратегијата – создавање еден милион работни места до 2020 година – истакна Свилановиќ

Претседателот Вујановиќ повторно нагласи дека добрите односи меѓу земјите од регионот се базираат на взаемна доверба и соработка, а тие се и клучни предуслови за процесот на интеграција во Европската Унија.

– Црна Гора веќе се докажа како водач при воспоставувањето добри односи со соседите. Тие се суштински за економското заздравување на регионот како целина и за секоја земја посебно. Индивидуално, нашите пазари се мали и расцепкани и ние можеме да постигнеме резултати и да се соочиме со предизвиците на модерното време само ако ги здружиме силите – рече Вујановиќ.

Претседателот на Црна Гора е на дводневна посета на главниот град на Босна и Херцеговина каде што учествува на 5-тата Меѓународна конференција за инвестиции и бизнис форум што се одржува на 14 и на 15 мај. Вујановиќ ќе има неколку билатерални средби на маргините на оваа конференција.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ