Во Сараево измерени 41 степен

Од:

Високите температури во Босна и Херцеговина денеска достигнаа 41 степен, при што доведоа до избувнување на неколки пожари, а илјадници лица побараа медицинска помош.

Асфалтот во јужниот град Мостар толку омекнал од високата температура, што по него останувале отпечатоци од стапките на пешаците.

Во Вишеград денеска беше регистриран најтоплиот ден во годината. Во 17 часот беа измерени 41 степен.

Високите температури изминатите два дена предизвикаа четири помали пожари во земјата.

Метеоролозите во БиХ изјавија дека ова е најтоплиот јули во историјата и предупредуваат дека овој месец може да биде уште потопло.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар