Во повеќе градови во БиХ одбележана годишнината од протестите

Од:

Во неколку градови во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат протести, на годишнината од масовните демонстрации на незадоволните граѓани од социјалната и економската ситуација во земјата, кои прераснаа и во насилство.

Во Тузла околу 500 граѓани повторно ги доставија своите приоритени барања до новите власти и им дадоа рок од сто дена за нивно исполнување. Тие побараа ослободување од какви било прекршочни или кривични одговорности за учесниците во февруарските настани 2014 година, како и повторно отворање на фабриките „Дита“, „Аида“, „Ливница“, „Коњух“ и други кои имаат перспектива.

Потпретседателот на Синдикатот на солидарноста Енес Тановиќ наведе дека тоа е мирен собир, но оти нема таков да остане доколку Владата на Тузланскиот кантон во дадениот рок не ги реши проблемите на граѓаните.

Собир имаше и во Сараево. Пред зградата на Претседателството на БиХ околу сто граѓани носеа транспаренти на кои пишуваше „Ја срамат БиХ, интелектот стана стока“, „Интелектот на продажба“, „Знаете каде е БиХ?“ и друго.

И на плоштадите во Зеница, во Мостар, во Бихаќ и во Бања Лука имаше собири.

Советот на граѓани на БиХ апелираше до за мирно ио достоинствено одбележување на годишнината од протестите.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници