Во поплавите во БиХ се уништени 7.500 куќи, а 80.000 лица се раселени

Од:

Во поплавите, што ја зафатија Босна и Херцеговина, се уништени 7.500 домови, а 80.000 лица се принудно раселени, покажуваат прелиминарните анализи на босанското Министерство за бегалци и иселеници, пренсува Танјуг.

Заменикот министер Марио Ненадиќ наведува дека во првите денови од поплавите бројот на раселени бил значително поголем. Најтешко погодени се граѓаните, чии домови се разурнати од поплавите или исчезнати при лизгање на земјиштето.

Околу 7.500 семејства не можат да се вратат во своите домови, истакнува Ненадиќ, додавајќи дека моментално 2.500 лице се наоѓаат во колективни центри.

Според Ненадиќ решавањето на проблемите на луѓето што се останати без домови, треба да биде меѓу најважните прашања на конференциите за донации, посветени на обновувањето на БиХ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници