Во Црна Горе утре нов состанок на лидери на партии на новоформираното парламентарно мнозинство

Од:

Лидерите на партиите од новоформираното парламентарно мнозинство во Црна Гора утре ќе имаат состанок за продолжување на разговорите за формирање влада и ново парламентарно раководство.

Покана до партиите победници на изборите од август 2020 година, испрати еден од лидерите на Демократски фронт и претседател на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ.

Порталот РТЦГ, повикувајќи се на извори од Нова српска демократија, пишува дека средбата треба да се одржи утре во 13 часот, најверојатно во Собранието.

Политички договор за новото парламентарно мнозинство потпишаа претставници на ДФ, СНП, Демократи, ГП УРА, ЦИВИС, Демос, Обединети и Вистинска Црна Гора.

Мандиќ синоќа истакна дека е многу задоволен од атмосферата што владеела на претходниот состанок, во петокот. Според него, очигледно е оти сите имаат една цел.

Тој нагласи дека владите не се бираат поради членови, туку на изборите граѓаните определуваат кој треба да ја сочинува владата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски