Во Црна Гора пропаднаа преговорите за формирање влада

Од:

Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите.

По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да има негова влада и дека за време на преговорите се обидел да создаде сериозен дијалог и атмосфера на доверба.

„Нема да има влада. Граѓаните нека протолкуваат кој бил сериозен, а кој не. Црна Гора е на крстопат. Ќе се израдуваат некои поразени сили од 2020 година. Тоа е исходот”, рече Лекиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски