Во Црна Гора поради имотен спор блокада на возилата на три амбасади

Од:

Возилата на три амбасади во Црна Гора се најдоа во улога на „заложници“ поради нерешен правно-имотен спор меѓу подгоричкото семејство Вучевиќ и Дирекцијата за имот на главниот град, јави Танјуг.

Возилата на амбасадата на Босна и Херцеговина, Словенија и Франција кои се наоѓаат во Атинска улица на брдото Горица, над осум часа биле блокирани со камион кој во целост го парализирал сообраќајот, а проблемот бил решен кога дигалка го однела камионот.

Амбасадите се наоѓаат на парцела која припаѓа на Вучевиќ, каде уште во 1992 година изградена е улица Атинска. До блокада дошло бидејќи Дирекцијата за имот ниту после 22 години не ја исплатила договорената сума за експропријација на земјиштето на кое е изградена улицата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски