Во Црна Гора е уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград

Од:

Шефот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Нинослав Чмолиќ денеска изјави дека црногорската полиција ја уапсила сопругата на терористот Милош (Салахудин) Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при нападот на жандармите пред израелската амбасада.

– МВР на Црна Гора набрзина стигна до сопругата на терористот, и беа одземени сите електронски уреди и ќе биде кривично гонета. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за одржување на редот и мирот и заштита на нашите граѓани – рече Чмолиќ.

Потсетуваме, Жујовиќ вчера околу 11 часот пред Амбасадата на Израел во Белград со самострел го застрела во вратот припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34).

Припадникот на Жандармеријата кој беше ранет од напаѓач со самострел, Милош Јевремовиќ (34), вчера бил опериран во Ургентниот центар, каде му била извадена стрелата од вратот и тој е во стабилна состојба.

Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.

– Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле на „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.

Би можело да ве интересира

Маж од Нови Пазар повикувал на тероризам, полицијата го уапсила

Горан Наумовски

Уапсен маж со самострел во Белград: Имал седум стрели, влегол во полициска станица

Вучиќ: Ова е смислен терористички напад, ќе има уште апсења, црвена тревога до вторник

Дачиќ: Синагогата во Белград беше можна прва мета на Жујовиќ

Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист од Белград

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Србија е уапсен Игор Деспотовиќ осомничен за терористичко здружување

Горан Наумовски