Во Босна и Херцеговина деца раѓаат деца

Од:

Од 1993 година до почетокот на оваа година 148 девојчиња од БиХ станале мајки пред да навршат 15 години, се вели во податоците на босанската статистичка служба.

Службата прецизираше дека во текот на минатата година официјално се регистрирани пет породувања на девојчиња кои немале наполнето 15 години.

Весникот „Дневник Аваз“ напоменува дека тоа се само официјални случаи но стравувањата се дека во реалноста таа бројка е многу поголема.

Лекарите и социјалните работници велат дека ситуацијата во БиХ е спротивна на онаа во развиените држави, каде бракот и мајчинството се повеќе се одложуваат за позрели години.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници