[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]На сите интернет провајдери во БиХ им е наложено да забранат пристап на странските сајтови за онлајн обложување. Забраната која ја изрече Регуларната агенција за комуникации РАК, се однесува на 13 портали за обложување.
РАК постапувајќи по барањето на министерството за финансии и Даночната управа на Босна, нареди интернет провајдерите кои овозможуваат услуги за обложување и игри на среќа, технички да направат се, за да на корисниците им оневозможат пристап до странските портали за обложување.
Рокот е до 30 дена, а за непочитување на одлуката РАК најави дека казните ќе биде од 1.000 до 50 илјади конвертибилни марки.
Сараевскиот портал „Кликс“ поставува прашање дали ова е почетокот на цензура на интернетот во Босна.
Имено, во Европската унија и државите од регионот онлајн обложувањето е законски регулирано.
Во Хрватска според Законот за игри на среќа, сајтот кој овозможува онлајн обложувањето, плаќа годишен данок во износ околу 400 илјади евра.