Во БиХ во 2014-та сквернавени 49 верски објекти

Од:

Во текот на изминатата 2014 година сквернавени се 49 верски објекти во Босна и Херцеговина, соопшти во понеделникот Меѓурелигискиот совет (МРВ БиХ), наведувајќи дека во тоа предничат општините Зворник, Бања Лука и главниот град Сараево.

Според наводите на Меѓурелигискиот совет, речиси половината, или 49 отсто, од нападите имале мотив сквернавење на конкретниот верски објект, додека 47 проценти од нападите може да се карактеризираат како ограбувања.

Притоа, полициските органи од 49-те пријавени инциденти успеале да идентификуваат сторители само во 15 случаи. Според припадноста на нападнатите верски објекти, 21 е на Исламската заедница, 14 се на Српската православна црква и 12 на Католичката црква. Изминатата година Советот регистрирал и по еден напад врз објекти на Еврејската заедница и на Христијанско адвентистичката црква.

Поголем број од нападите врз верските објекти е забележан на територијата на Република Српска, отколку во Федерацијата БиХ. Имено, во српскиот ентитет се регистрирани 31 напад, додека во Федерацијата верските објекти се сквернавени 18 пати.

Најмногу, осум сквернавења на верски објекти имало во Зворник, седум во Бања Лука, додека во Сараево имало пет пријави за напади врз верски објекти.

Од Меѓурелигискиот совет на БиХ наведуваат дека е нападнат релативно голем број верски објекти, но сметаат дека има причини за оптимизам, поради зголемениот број откриени сторители на нападите, во прв ред во средините во коишто припадниците на една верска заедница се малцинство.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници