Во БиХ уапсени тројца поранешни членови на Хрватскиот совет за одбрана обвинети за воени злосторства

Од:

Тројца поранешни членови на Хрватскиот совет за одбрана беа уапсени денеска во Босна и Херцеговина по обвиненија за воени злосторства врз цивили во 1992 година.

Тројцата припадници на воената формација на босанските Хрвати биле уапсени во градот Оџак, во северниот дел на БиХ, по наредба на Обвинителството на земјата.

Тие се осомничени за злосторства врз цивилно српско население. Тие се обвинети за силување на српски жени на почетокот на воениот конфликт. Според локална асоцијација на српски жртви, членовите на хрватските воени сили силувале во првите месеци на конфликтот околу 60 Србинки во Оџак.

Се смета дека за време на босанскиот конфликт жртви на сексуално насилство биле најмалку 20.000 жени од сите националности.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници