Во БиХ уапсени шестмина цариници поради примање мито

Од:

Шестмина цариници се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение за примање мито, а сите биле одговорни за спречување царинска измама, потврди Обвинителството на БиХ, кое ја спроведува истрагата.

Постапувајќи по наредба на Судот на БиХ, членовите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) извршија рација во објектите каде што се наоѓа регионалната канцеларија на Управата за индиректно оданочување (ИТА) во Тузла.

Освен во тој град, полицијата претресуваше објекти и во Бјелина, Градачац и Лукавац.

Тие биле насочени кон вработени задолжени за спречување на царински прекршоци и криумчарење.

„Осомничените примале подароци или други форми на бенефиции за да не преземат официјални активности за откривање нелегален увоз на стока на територијата на БиХ“, се наведува во образложението на Обвинителството на БиХ.

Слична акција беше спроведена во февруари 2019 година, кога беа уапсени 11 цариници, кои исто така беа обвинети за примање мито и несовесно работење во службата за дозволување нелегален увоз на стока преку граничните премини со Хрватска.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски